Пратениците за разрешувањето на Марко Зврлевски ќе расправаат в петок

0
271

По завршувањето на комисиската расправа за ребаланс на буџетот, в петок претседателот на Собранието Талат Џафери планира да го свика продолжението на седницата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Парламентарното мнозинство очекува разрешувањето на Зврлевски да се заврши и без договор со опозицијата која е против смената на јавниот обвинител. СДСМ смета дека реформите во судството мора да почнат со смената на Зврлевски.

Во понеделник треба да почне собрансиката седница за буџетот.

Џафери во интервју за МИА најави дека пратениците ќе одат на одмор по 6 август, а дотогаш планира да заврши голем дел од собраниските задачи.

„Планот и желбите на мнозинството се една работа, но реалноста е поинаква. Од понеделник треба да почне расправата за ребалансот за буџетот на Собрание и тоа е во моментов приоритет. Очекуваме до летните одмори на собраниска седница да се најде и некоја од седумтте точки предложени од нас. Сѐ уште немаме одговор на нашето барање за итна собарниска седница за договорот со Бугарија“, велат од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Џафери планира до 6 август да завршат и продолженијата на седниците за избор на неколку функционери, да се донесат измените на Кривичниот законик, ребалансот на буџетот…

Од СДСМ велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, преку десетте пратенички групи ќе продолжат со опструкциите на собраниската работа.

Џафери најави дека локалните избори ќе ги распише на 6 август, а на 25 септември ќе почне кампањата за локалните избори до кога Собранието треба да донесе триесеттина закони.

Без коментари