Православните христијани го слават Божиќ

0
484

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм Свети Климент Охридскиво Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија.

По повод Божик, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:

„Возљубени празникољупци, дојдете да се возрадуваме и да воскликнеме пред витлеемскиот Богомладенец! Пријдете, со радост и восхит да извикаме: Слава на Бога во височините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја! Оној, Кој предвечно постои, се роди кога се исполни времето. Бог ја прими нашата плот, нашето човечко тело, за да го возобнови и исчисти од гревот нашиот извалкан образ и, како созданија подложни на смртта обесмрти. На овој ден, Синот Божји воспостави нова заедница со целото човештво. Бог стана човек, се вочовечи, за човекот да го соедини со Себеси.

Без коментари

LEAVE A REPLY