Православните христијани го слават Велигден

0
633

Православните христијани во повеќе земји го слават христовото воскресение Велигден.

Во велигденската порака до верниците поглаварот г.г. Стефан испрати апел за мир, единство и сплотеност меѓу македонскиот народ и меѓу сите верници.

„Повикуваме на единство меѓу нашиот народ, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот. Здобивајќи се со тој дар, ќе можеме мудро и незлобно да одговориме на сите предизвици што катадневно се испречуваат пред нас. Да го чуваме сопственото и да го почитуваме достоинството на другите, да се грижиме за доброто на секого и на сите околу нас“, порача Стефан.