Празнични попусти во Adams shoes

0
609

Во Adams shoes, пристигнаа најновите колекции на обувки за пролет лето 2016.
Следејки ги светските модни трендови, Адамс повторно нудат модели кои ќе бидат ултра-шик придружници за да оставите впечаток со вашиот стил во секоја прилика.

За поудобен чекор тука се секогаш класичните ниски обувки од колекцијата на Адамс, потоа моделите со анатомска основа изработени од кожа.
Еднобојност е новиот тренд за сезоната. Посебно внимание е дадено и на секоја боја, на тоа што го претставува истата и какви чувства побудува.
Во Адамс по повод претстоечките празници, празничен попуст на целата колекција пролет -лето , 10 проценти на еден пар и 20 на вториот.
Сандалите за оваа пролет се нежни, со тенка но умерено висока потпетица, тука се понекогаш и ресите. Живите бои дишат во знакот на потоплите денови, а колоритот потстетува на разбудената природа.
Удобни и практични, новите балетанки даваат доза на гламур, го оживуваат и даваат карактер на најминималниот и секојдневен изглед. На овие рамни чевли е додадена класа и оригиналност.
Оваа сезона не може да помине без цветните принтови кои се на патиките и можете да ги комбинирате за да добиете уникатен спротски изглед. Флоралните мотиви ги има и на салонките, летните сандали и еспадрили. Тие се идеални за комбинирање со летни лелеави фустани, кои само ќе ја развеселат комбинацијата.

Елегантните обувки никогаш не излегуваат од мода. Тука се оние со висока потпетица, оние до глужд, елегантните балетанки, обувките со блага платформа .
Пронајдете го вашиот пар во продавниците на Адамс и оставете оригинален моден печат.