Празник на детската песна-Тра-ла-ла кидс и Тра-ла-ла Битола

0
587

Гран при наградата на фестивалот “Тра-ла-ла”, оваа година ја понесе 13 годишната Ксенија Поповска за песната “Имам еден сон”.

На двата фестивали Тра-ла-ла Кидс и Тра-ла-ла Битола, учествуваа 22 млади музички таленти од целата држава на возраст од 6 до 13 години.

Во рамките на фестивалот “Тра-ла-ла Кидс” првата награда од жирито ја освои Едина Мемиќ со песната”Таен свет, додека специјалната награда од директорот на фестивалот ја освои Анастасија Стерјева со песната “Фантазија од бои”.

На “Тра-ла-ла Битола” на првото место според проценката на жирито застана Алексис Докастер со песната”Сакам”, а специјалната награда од директорот на фестивалот ја освои Лазар Богојевски за песната”Нинџа”.

Според гласовите на публиката на “Тра-ла-ла кидс” првата награда и припадна на Маријана Велевска, на “Тра-ла-ла Битола” прво место според гласовите од публиката освои Теодора Илиевска.

Наградата “Боби Коминовски Тра-ла-ла кидс” ја освои Марко Крстевски, наградата “Драган Каранфиловски Бојс Тра-ла-ла Битола” ја освои Давид Смилевски, додека наградата од детското жири ја освои Анета Лавчанска.

Оваа година се одбележуваат шеснаесет години “Тра ла ла”, шеснаесет години љубов кон сцената, кон естрадата, музиката. Шеснаесет години низ концертните сали низ целиот свет одекнува “Тра ла ла”, Битола, Македонија.