Празниците во секој наш дом да донесат семејна радост, љубова и среќа

0
471

„Новата година отсекогаш ги буди најискрените чувства и очекувања кај секој од нас. Затоа сите ние со нетрпение очекуваме старото што побргу да пројде, за новото да дојде и со себе да донесе нова надеж. Надеж дека во годината што доаѓа ќе имаме здравје, ќе шириме љубов и милост, ќе живееме во радост и во среќа. Надеж дека таа радост ќе можеме да ја споделиме со нашите ближни“, вели претседателот Ѓорге Иванов во своето новогодишни обраќање.

„Затоа, да им посветиме љубов и внимание на нашите семејства, на нашите деца, на нашите соседи и пријатели. Да бидеме солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од наша поддршка и помош. Да бидеме благодарни кон храбрите чувари на нашата безбедност поради кои и вечерва Македонија може мирно и безгрижно да прославува“, се вели во обраќањето на Иванов.

„Имаме историска одговорност пред нашите потомци да им ја оставиме Македонија посилна и поуспешна, отколку што ја наследивме од нашите предци. Затоа, сплотени, со чувство за државност и за сувереност да продолжиме да ја градиме Македонија според највисоките европски вредности, стандарди, критериуми“, вели македонскиот претседател.

„Да продолжиме да градиме праведно општество втемелено врз мирот, вистината и слободата. Да си простуваме и да се почитуваме. Да бидеме и упорни и трпеливи. И, во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина. Празниците што ни доаѓаат во секој наш дом нека донесат семејна радост, љубов и среќа.  Да имаме мир, напредок и успех насекаде и за секого. Ви посакувам среќна и бериќетна Нова 2016-та година!“, порачува Иванов во новогодишното обраќање./крај/мф/бс

Без коментари

LEAVE A REPLY