Пречките за определување мандат не се отстранети

0
803

Пречките за определување мандат се уште не се отстранети, велат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, по повиците од СДСМ Иванов веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев.

„Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада се уште не се отстранети“, се вели во ставот од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.