Пред 38 Манаки за парите и поддршката

0
816

Уметничкиот директор на фестивалот Евгенија Теодосиевска рече дека денеска на прес конференцијата во Битола не присуствува градоначалникот Владимир Талевски, иако уредно и официјално бил поканет. Директорите Куновски и Теодосиевска објаснија дека од Општина Битола, фестивалот добил 150 000 денари за печатењето на промотивните материјали и уште 250 илјади за хотелско сместување на гостите.

Договорот меѓу фестивалот и градоначалникот бил потпишан само пред неколку денови.

Вкупниот буџет на фестивалот е околу 130 илјади евра.

Раководството на фестивалот се заблагодари на брендот Хина за поддршката и препознавањето на квалитетот во културата и на компанијата „Алвоген“ за финасирањето на мастер класите на светските кинематограферски имиња кои доаѓаат во Битола. Исто така зе заблагодарија и на австриската, француската, израелската и германската амбасада во Македонија.

Еве што друго беше кажано на прес конференцијата.