Пред фестивалска атмосфера во Битола

0
416

Се одбројуваат минутите до старот на 36-тото издание на фестивалот на филмската камера Браќа Манаки. Во Центарот за култура се прават последните техничи проби Знамињата на земјите учесници и црвениот килим се поставени а за прв пат поставен е и големиот шатор на паркингот пред Центарот за култура.

cador

Битола во наредните 10 дена ќе живее во духот на филмската магија. Со својата впечатлива програма која од година в година станува сѐ побогата, Фестивалот е атракција.Голема раздвиженост во градот на конзулите. Оние граѓани кои што ги анкетиравме велат дека очекуваат фестивалот да ја претстави Битола во најдобро светло

gragani

Фестивалот Манаки е за поздравување, тој е онај преку кој се шири културата на градот“, вели граѓанин

Од годинешното издание на Манаки очекуваме да биде подобро од минатата година. Битола е европски град, но опкружувањето не покажува дека Битола е европски град. Преку овај фестивал Европа треба да свати дека Битола и Македонија е во Европа“, вели граѓанин

manaki

Интернационалниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ организиран е од Друштвото на филмските професионалци на Република Македонија, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, како и со поддршка на Министерството за култура, Агенцијата за филм на Македонија и Општина Битола.