Пред Колинда паѓаат и панталоните

0
410

Членовите на хрватскиот Хелсиншки одбор за човекови права добија Повелба на Република Хрватска, но при фотографирање со признанието и со претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, на првиот човек на организацијата, Иван Звонимир Чичак, му попушти ременот и му паднаа панталоните.

Претседателката Грабар Китаровиќ, иако видела што се случува останала мирна додека другите нафрлиле блага насмевка на своите лица.

Интересно е што Чичак едно време позирал иако му паднале панталоните, како да очекувал дека тие со некое чудо ќе се кренат или пак решил да го игнорира проблемот како вистински професионалец.