Пред Новата година, премиера на Метаморфози во Битолскиот театар

0
382

2015 за битолскиот театар означува година на богата театарска сезона и бројни гостувања меѓу кои и оние во

Санкт Петербург, Израел, Црна Гора, Србија.

Покрај сите проекти тука е и третото издание на Шекспир фестивалот.

Најновата претстава во битолскиот театар е со наслов Метаморфози, авторски проект на Лилија Абаџиева.

Битолската публика се сеќава на оваа режисерка, по претставата Женидба која Абаџиева ја работеше исто така во битолски театар, со дел од екипата која игра и во оваа претстава.
Метаморфози е по текст на Чехов, Киркегор и поезијата на Бодлер, Рембо и Кортасар.Метаморфозата како преминување, ре лигар кон ничијата земја на несвесното, болките, копнежите и страдањата на душата како животот на духот во неговата апсолутна форма-истакна режисерката за претставата.

Актерската екипа на Метаморфози ја сочинуваат Марјан Ѓоргиевски, Катерина Аневска, Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Пројчевски, Кристина Христова Николова, Иван Јерчиќ, Филип Мирчевски и Сандра Грибовска.

– За да дознае нешто за себеси, човек треба да знае се за другите. Не мора да постои расположение, коешто не може да се доживее, ниту пак мртов начин на живот, којшто не може да се оживее.

Премиерата на претставата е на 28 -ми и 29 -ти декември.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY