Пред роденденот на Битола

0
873

Воочи роденденот на градот 4 Ноември, градоначалникот денеска, за се она што општината го направила до овој период. Информираше за проекти кои се завршени, кои траат, кои допрва ќе почнат да се реализираат и секако проекти кои ги води Државата, а се за бенефит на Битола.

2500 вработувања е бројката која се планира до Нова година во Кромберг и Шуберт, кои работат на нов капацитет кој дополнително во наредниве неколку години, треба да прими 1500 луѓе, рече д-р Владимир Талески градоначалник на Битола

rodeneden 2

Најавени биле и две нови инвестиции во Индустриската зона Жабени, италијанска фирма за прехранбена индустрија и турска фабрика за производство на земјоделски алатки. Фокусот генерално, општината го ставила на инфраструктурата, посебно во делот на АРМ, каде се подготвува терен за 5000 граѓани, каде веќе 8 компании работат и градат. Талески, потсети за Сообраќајната студија, 5те кружни тека, автобуските стојалишта и проектот за велосипедски патеки низ градот, за воводснабдувањето на 23 те села, асвалтирањето на патот Горно Оризари – Крклино и Цапари- Ѓавато.

Иднава сезона Киното Манаки ќе биде завршено во втора фаза планираме некаде до јули месец, додаде Талески кој дополнително потсети за планинарскиот дом Копанки.

Низа проекти биле реализирани во делот на спортот преку Агенцијата за млади и спорт, 8-те милиони денари насочени кон оваа свера, Талески побара да се оправдаат со резултати од клубовите зад кои 100% застанаа.

Талески информираше за изградбата на Стадионот под Тумбе Кафе на северната трибина.

Споменаа за канализациите и водоводите низ улиците низ градот, како и дека Фонтаната пред Музејот со проект, планираат да ја реконструираат, новите тезги во пазарот, корпите за отпад низ градот, хортикултурното уредување, тополификацијата, гасоводот, фасадната реконструкција на Гимназијата Јосип Броз Тито, Музичкото и Безистенот, Болницата и друго. Утре вечер, општината ќе ги награди Ѓорги Здравев-професор по музичко и диригент и четирите едногодишни награди во неколку области за Димче Најдов автор на книгата Битола низ старите разгледници, Петар Горко актер, Борче Костов мотокрос возач и КУД Илинден Битола друштво кое што слави 60 годишен јубилеј.