Пред Собранието мирно

0
593

Пред Собранието на Република Македонија, по синоќешните инциденти,  претпладнево  состојбата  е мирна, нема собрани граѓани, но се засилува присуството на полицијата. Кај Парламентот со автобуси пристигнаа дополнителен број полицајци.

Околу собраниската зграда се поставени метални барикади, а улиците се затворени за сообраќај. Пред главниот влез на собраниската зграда се поставени шатори на поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“.