Пред советниците иницијатива за раскинување на договорот го Градски паркинзи

0
4530

На 55-та седница на Советот на Општината Битола која е закажана за 30.09.2016 година (петок) со почеток во 11,00 часот, меѓу другите точки во дневниот ред е и иницијативата за раскинување на Договорот за Јавно Приватно партнерство-јавна услуга склучен помеѓу Општина Битола (како јавен партнер) и Стентон градба ДОО Битола (како приватен партнер-ДПН Градски паркинзи Битола) поради непочитување на обврските од договорот за зонско паркирање во Битола. Вака стои во дневниот ред кој денеска беше лиферуван од страна на Советот на општина Битола. Освен за оваа пред советниците ќе се најдат и извештаите за работа и годишните програми на битолските основни и средни училишта.