Пред советниците развојот на Битола

0
470

На 58 седница на Совет, пред советниците се најдоа развојните планови за наредните три години. Развојните планови во Општина Битола се се, само не се развојни планови. Вака рече советникот од СДСМ Златко Ќурчиевски обвинуваќи ја власта и градоначалникот Талески за несработеното за минатиот период, а тоа им било ветено на граѓаните уште во предизборната кампања од 2013 година.

– Денес го очекувавме градоначалникот Талески да ни образложи зошто од овие развојни планови денес ги нема топлификација, ја нема гасификацијата , зошто ги нема подземните гаражи . Каде е хотелскиот комплекс Нижеполе, каде е Битола филмскиот град, до каде е реконструкцијата на железничката пруга од Битола-Кременица . На нивно место имаме така наречени имагинарни вечни проекти, од типот на изградба на стадионот под Тумбе кафе , кој што прво требаше да чини 3 милиони во 2014, во 2015 повторно 3 милиони, во 2016 12 милиони евра за на крај да завршиме со цифрата од 5 милиони евра.Од сите тие тешки суми милиони на крај е изградена само една нула, изјави Златко Ќурчиевски, советник СДСМ

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ихор Хаџиевски, рече дека локалната власт ги реализира ветените планови за Битола, а дека битолчани со сигурност ќе ја добијат новата северна трибина на стадионот и дека ќе ги асфалтираат предвидените улици.

-Развојните програми кои што ги носи Советот се програми кои што се носат за три години 2017, 2018 и 2019 година. Вкупната сума е над 528 милиони денари и со тие пари ќе бидат изградени улици во поранешната Касарна, улица Илинденска , Солунска. Граѓаните повикуваат за изградба на стадион во градот, таа работа е завршена, во тек се подготовките за изградба на северна трибина. За ова во 2017 ќе бидат потрошени некаде околу 99 милиони и 500 илјади денари, наредната 2018 уште исто толку, а во 2019 ќе бидат потрошени 132 милиони денари. Топлификацијата е едно од главните предизборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ. Во овај момент е во некоја фаза, незнам точно во која фаза е изградбата на топлификацијата , и таа ќе се гради со средства од Владата на Р.М на ЕЛЕМ. Секундарната мрежа најверојатно ќе се гради и со средства од Владата и со средства од буџетот на општина Битола, изјави Игор Хаџиевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ

На денешната 58 седница, советниците расправаа за 14 точки меѓу кои и годишните извештаи за работата на градинките во градот, како и за локалниот еколошки акционен план за животната средина на општина Битола.