Пред Велигден малку јагниња на Сточниот пазар во Битола

0
1324

Денеска сончево и топло време. Сточарите ја однесоа својата стока на Сточниот пазар во Битола со цел да ја продадат. Купувачи и продавачи имаше од цела југозападна Македонија. Се продаваа крави, јунци и телиња. Како за пред Велигден неочекувано на овај пазар само едно јагне . Сточарите ни рекоа дека нивната цена се движи од 100 до 130 денари за килограм жива мера.

Сретнавме еден купувач на јагне, и еден купувач на прасиња.

-Јас јагнето го купив 130 денари килограм жива мера, рече купувач

-Цената на прасињата долго време е иста. Денес за едно прасе платив 3500 денари, рече купувач

Сточарите се пожалија дека стоката евтино ја продаваат. Кравите и телињата се нудеа по цена од околу 100 денари за килограм жива мера, ама заинтересирани купувачи немаше.

-Не сме задоволни ни со продажбата па ни со цената.Ги продаваме кравите за 100 денари за килограм. Купувачи нема, вели фармер

-Нема купувачи, иако евтино ги продаваме кравите и телињата. Луѓето немаат пари, па не купуваат, вели фармер

Велат дека работат од ноќ до ноќ, а заработувачка нема. Како причина за слабата продажба ја наведија слабата финсниска моќ на граѓаните, неисплатата на субвенциите, и увозот на месо од други земји.

-Не ни се исплаќа маката. Работиме многу , а малку добиваме. За храна даваме пари, ветеринар плаќаме, субвенции немаме, евтина е цената на млекото кое ни го откупуваат, а сега и ги продаваме по евтина, и пак никој не ги купува. И да ги купи некој ќе плати за килограм 100 денари жива мера, и ќар никаков немаме, рече сточар

Целата стока што денеска се продаваше на Сточниот пазар во Битола имаше жолти жигови на ушите. Продавачите објаснија дека без тие жигови, кои што значат потврда дека животните се прегледани од ветеринар, не можат да внесат животно за продавање.Тие мора да плат и за влез , а цената велат дека зависи од видот и големината на стоката.За влез на крави денеска сточарите платиле 180 денари.