Пред велигденски панаѓур во Битола

0
6294

Трговци од цела Македонија од вчера па до недела од пазарот во Шутка ќе бидат во Битола. Тие се распослаа на влезот од Битола кај кружниот тек на Дулие . Текстил, обувки, хемиски препарати, машини , апарати, се на едно место,што би се рекло производи од „игла до локомотива“.

Очигледно трговците имаат добра заработка, со оглед на тоа што продаваат без фискална сметка и со нешто понески цени од дуќаните во градот.

Вообичаено панаѓурот со години наназад се организира во Битола пред новогодишните и велигденските празници.