Предел-заедничка изложба на ДЛУБ и Фото кино клубот Битола

0
214

Предел, беше насловот на изложбата, која претставува заеднички проект на друштвото на ликовни уметници Битола и фото кино клубот од нашиот град .Изложбата која љубителите на фотографијата и ликовната уметност, имаа можност да ја погледнат во културниот центар Магаза, е само еден вид продолжување на соработката на овие две здруженија.

Голем дел од членовите на клубот учествувале на истакнати фотографски изложби во Македонија и странство, каде постигнале големи успеси освојувајќи бројни награди и признанија.Изминатиов период беа учесници на уште еден фестивал.

Izlozba_-_3.jpg

Изложбата Предел, е прва официјална заедничка соработка на фото кино клубот и ДЛУБ, а веќе се работи и на следниот поголем проект.

Во рамките на двете здруженија, изминатиов период се организирани работилници, предавања, самостојни и групни изложби од реномирани автори .

Фото-кино-клубот Битола, е основан на 1-ви март 2012 и има за цел популаризација и унапредување на уметничката фотографија и непрофесионалниот филм.

Izlozba_-_1.jpg

Друштвото на ликовните уметници, минатата година одбележа јубилеј на 40 години постоење.

Официјално друштвото е регистрирано 1974 година a од тогаш до денес, во истото членуваат реномирани уметници чии дела се препознатливи насекаде низ светот.