Предизборен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Битола

0
2238

Вечерва во Битола се одржа предизборен митинг на ВМРО ДПМНЕ и нивната коалиција на кој беше претставен кандидатот за градоначалник Илиоски и советничката листа.

„Јас знам дека Битола и цела Македонија на 15 октомври покрај тоа што ќе гласа за градоначалници ќе знае дека кога го дава гласот за градоначалникот и кога го дава гласот за советничката листа го дава и за новата ера за Македонија, за новата визија, за новото утро“ порача вечерва од Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Потенцираше дека гласот се дава за нови 150.000 работни места.

„Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, гласот за Зоран Илиоски и за советничката листа истовремено ќе биде глас и за 150.000 нови работни места во наредната деката во Република Македонија. Спуштање на невработеноста под 10 проценти, 6, 7 или 8, но под 10 проценти невработеност во Република Македонија. Како што е во другите развиени држави“ посочи Груевски.

Рече дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилитет да вети такво нешто, бидејќи откако дојдоа на власт невработеноста од безмалку 40 отсто била намалена на 22,5 проценти.

„На локалните избори на 15 октомври ќе гласате истовремено и за иднината на нашата држава, Република Македонија која денес поминува низ еден од поголемите предизвици во својата понова независна историја. Битола е град со висока европска гласачка култура, изразен комсполитски дух и висок демократски капацитет“ рече кандидатот за градоначалник Илиоски.

Потенцираше дека Битола ја гледа како град на млади луѓе кои се убедени оти токму таму ќе ја градат својата иднина.

„Битола заслужува да биде град со сите урбани обележја во кој жителите нема да се грижат за кал и дупки на улиците, чиста и безбедна вода за пиење, соодветно депониран смет. Широксока заслужува да биде посакувана дестинација на патници и туристи на кои треба да им покажеме што имала, што сочувала, но и што направила Битола. Битола мора да биде град на сите“ нагласи Илиоски.

Нагласи дека иднината на Битола и на Република Македонија зависи само од работа.

„Не од манипулации, ветувања и интриги. Така ќе биде и овој пат, јас и како човек не знам и не сакам да се борам поинку. Чесната работа ме крепела и ме потврдувала и досега и така и ќе остане“ рече Илиоски.

Кандидатот за градоначалник потенцираше дека во програмата немаат ветувања, туку конкретни проекти со рокови и предвиден буџет.

„Во идниот мандат, наместо нови населби за мигранти ќе создадеме услови за нови евтини куќи за нашите деца. Ќе направиме и целосна промена на сообраќајниот режим, ќе воведеме еднонасочни улици во центарот на градот, ќе изградиме нови три кружни тека, три нови велосипедски патеки“ истакна Илиоски.

Додаде дека нема да се откаже од проектите за гасификација и топлификација на Битола.

Без коментари