Предлог- законот за пушењето вратен на Собрание

0
898

Во врска со измените на Законот за заштита од пушењето, со кој би било дозволено да се пуши и во надворешните тераси на рестораните и на кафулињата, предложени од пратеници во Собранието, Владата на седницата одлучила дека нема мислење по предлог-законот, со што тој се враќа во собраниска процедура.

Предложените измени тогаш кренаа лавина реакции во јавноста, некои позитивно регираа велејќи дека сегашниот закон е премногу рестриктивен и потребно е дозвола да се пуши во заградените тераси без оглед на климатските услови и сезоната, додека пак други тврдат дека законот треба да биде уште построг и да се забрани пушење во сите угостителски објекти.

Главната идеја на првичните предлог измени на закон за заштита од пушењето во скратена постапка беше влошената состојба на угостителите со рестриктивните мерки.

И тогаш СДСМ беше со предлог дека во затворениот дел од угостителските објекти и натаму да не се пуши, а во летните тераси да се пуши и зиме, кога се затворени со најлонски или стаклени прегради.

“Ние бараме независно од метереолошките услови, дали врне, дали вее, дали бура коси итн, тој дел да остане право на пушачите да го користат за пушење. Тоа е единствената измена. Сите шпекулации дека сакаме да го укинеме законот за заштита од пушењето во јавни простории, затворени простории, болници, театри, кина, железнички станици нема никаква врска.” – изјави Томислав Тунтев, СДСМ,

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш рекоа дека треба да произлезе системско решение за решавање на  овој проблем.

“Со вклучување на експертската јавност од сите профили, значи од медицинската фела, од инспекцискта фела, од угостителската за да престанеме еднаш со краткорочни закони кои после месец дена повторно ќе доаѓаат со промени.” – рече, Зоран Ѓорѓиевски, ВМРО ДПМНЕ

Со предлогот повеќе се регулира пушењето во терасите, односно не се предвидува враќање на дозвола за пушење внатре во објектите, па тука нема никаква измена иако многу граѓани се надеваа дека новата влада ќе изврши ублажување на законот.