Предложени измени во Законот за јавните патишта

0
363

Со предложениот Закон за дополнување на законот за јавните патишта се предлагаат два нови става, со кои ќе се овозможи во случај на елементарна непогода и други несреќи, за кои е донесена одлука за постоење на кризна состојба од страна на Владата на Република Македонија, работите за рехабилитација и реконструкција на општинските патишта и улици може да ги врши и Јавното претпријатие.

Исто така, заради утврдување на општинските патишта и улици, наместо општините или градот Скопје да ги реконстурира и рехабилитира Јавното претпријатие за државни патишта, се предлага истите да се утврдат со одлука од страна на Владата на Република Македонија.