Предложени измени во Законот за заштита од пушењето

0
464

Група пратеници од владејачкото мнозинство поднесоа предлог по скратена постапка да се измени Законот за заштита од пушењето.

Се предлага да се измени регулативата и за пушењето надвор од објектите: одвоените простории за пушење, кои досега можеше да бидат затворени со покрив, но мораше да бидат отворени најмалку од три страни, сега да може да бидат затворени.

Со некои од измените се бара во објектите во кои се сместуваат гости да се определат простории за пушачи, но најмногу до 30 отсто од вкупниот капацитет на просториите.

Пратениците сметаат и дека намалениот обем на работа носи и намалени обврски врз основа на ДДВ и престанок на закуп на земјиштето сопственост на државата за поставување урбана опрема, како и комунална такса, со што директна штета трпат и општината и државата.

„Со донесувањето на Законот за изменување на Зaконот за заштита од пушењето ќе се овозможи да се санираат економските последици од актуелните законски одредби во поглед на дефинирањето на просториите во кои е забрането пушењето. Со овие измени ќе се спречи отпуштањето на работници и влошувањето на и онака лошата економска состојба во Република Македонија“, велат пратениците во предлогот.

Без коментари