Предлозите за специјални одделенија се неприфатливи

0
474
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по барање на новинарите да ги коментира предлозите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за законски измени меѓу кои за формирање специјално одделение во МВР и во судството, како и продолжување на рокот на СЈО, потенцира дека тоа е надвор од Пржинскиот договор.
– За нас тоа не е прифатливо, дециден е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска беше во посета на општините Долнени и Ропотово.
Вчера и министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека смета оти нема потреба од формирање на специјално полициско одделение кое ќе работи за обвинителството на Катица Јанева