Предметите од бомбите треба да ги истражува Ј.О

0
332

Јавното обвинителство на Р.М е концепирано со закон, не сме политичко обвинителство, изјави во Топ Тема, државниот обвинител, Марко Зврлевски.

Со политички договор е формирано специјалното обвинителство и затоа го сметам за политичко, вели Зврлевски.

Зврлевски вели дека  носењето на законот е во надлежност на собранието, но поднесувањето на барањето за оценување на законитоста на специјалното обвинителство е право на секој граѓанин но и должност на обвинителите.

Според него, истражувањето на предметите поврзани со политичките бомби треба да биде во рамките на јавното обвинителство.