Предметот Пуч во Специјалното обвинителство

0
474

Кривичните дела поврзани со изборните нерегупарности ќе бидат првите за кои специјалното јавно обвинителство ќе отвори предистражна постапка. Ова го потврди Ленче Ристовска член на тимот на Катица Јанева. Обвинителство утврдило дека ја има стварната надлежност во однос на делата од областа со изборните нерегуларности и затоа уште веднаш ќе се започне со предистражни дејствија. Обвинителката не прецизираше колку кривични дела опфаќаат тие нерегуларности и не сакаше да зборува кој би бил евентуално одговорен.

Ристовска информираше дека е преземен и предметот „пуч“, но не ги објасни законските можности на специјалното обвинителство, како ќе постапува во овој предмет, откако претходно ќе мора да се прогласи за стварно надлежно, исто како во предметите со изборните нерегуларности.

Од специјалното јавно обвинителство откриваат и дека ангажирале само двајца истражители, но се очекува тимот да се дополни со уште единаесет. Со законот за јавнообвинителска служба обвинителката посочи продецурата зависи од министерството за правда и владата од каде побарале одговор.