Предупредувачки штрајк на битолската судска администрација

0
1157

Вработените во судската администрација денеска излегоа на предупредувачки штрајк. Судските службеници се незадоволни од, како што велат, неповолните законски решенија донесени со Законот за судска служба од 2014 година. Велат дека од донесувањето на законот во неколку наврати испраќале забелешки и предлози за измени, но не добиле позитивен одговор.

– Законот има рестриктивен и репресивен карактер, дека има дискриминирачки и демотивирачки елементи, како и многу недоречености за кои треба да се произнесе Уставниот суд, изјави Гордана Николовска претседател на Здружение на Судска Администрација

Апелираат до надлежните веднаш да пристапат кон изготвување на измени и дополнувања на Законот за судска служба, при тоа во предвид да се земат забележките истакнати од страна на Синдикатот и забелешките истакнати од страна на Здружението

-Со законот се укинува степенот на кариера и се овозможува вработување на неквалитетни кадри.Треба да се најде заедничко решение бидејќи тоа е за доброто Судската служба, изјави Драган Мојановски претседател на УПОС

– Овај предупредувачки штрајк не е политички мотивиран и не е поради ниските плати, изјави Митко Фидановски советник во Апелационен суд-Битола

Доколку и со предупредувачкиот штрајк не се постигне целта и не се отпочне со постапка за измена на Законот за судска служба ќе продолжат со преземање на  други мерки во насока на остварување на својата цел.

Без коментари

LEAVE A REPLY