Предвремени парламентарни избори во Грција

0
243

Околу десет милиони Грци денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, втори за оваа година.

Денешните избори се организираат поради тоа што поранешниот премиер Алексис Ципрас го загуби парламентарното мнозинство по бурни несогласувања во неговата партија околу содржината на последниот договор со меѓународните кредитори на земјата.

На завршните митинзи, лидерот на Сириза Алексис Ципрас го повика народот да му изгласа доверба за нов силен мандат.

Изразувајќи уверување во својата победа тој нагласи дека ќе со нејзе ќе се зацврсти стабилноста на постигнатиот договор со меѓународните кредитори и со тоа ќе им се проследи пораката и до другите европски земји кои се подложни на политиката на силно штедење.

Повеќе анкети на јавното мислење последните денови покажуваат мала предност на Сириза (меѓу 0,2 и 0,8%). Околу 10 до 15% од Грците сè уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас, а од нивното решение во голема мера ќе зависи изборниот резултат.

Без коментари

LEAVE A REPLY