Предвремени парламентарни избори во Косово

0
290

Во Косово отворени се избирачките места и почна гласањето на предвремените избори за нов состав на Парламентот. Правото на глас ќе може да го остварат 1,8 милиони избирачи, од кои над 155 илјади гласаат за прв пат.

Со гласањето треба да да се стави крај на неколкумесечната политичка нестабилност и да се избере влада која ќе го потпомогне растот на работните места и ќе го зацврстува патот на земјата кон европската интеграција.

Денешните избори се третото гласање откако Косово прогласи независност од Србија во 2008 година и се спроведува една година порано од планираното, откако владата на премиерот Иса Мустафа изгуби на гласањето за доверба во Парламентот.

Многумина жители на Косово ги обвинуваат политичарите за високата стапка на невработеност, која е околу една третина од работната сила и покрај цврстиот економски раст од околу четири отсто на годишно ниво. Други клучни приоритети на новата влада се воспоставување подобра контрола над приватизација и создавање на функционален суд за воени злосторства и обвинителство.

www.slobodnaevropa.mk