Катица го ослободи Верушевски

0
555

Катица Јанева го ослободи Зоран Верушевски од притвор.Специјалната јавна обвинителка го прифати предлогот на одбраната и побара куќен притвор и одземање на пасошот на поранешниот директор на УБК првообвинет во  случајјот “Пуч”, кому ќе му се суди за шпионажа. Верушевски веројатно веќе утре ќе биде на слобода.

Ве известуваме дека од страна на одбраната за обвинетите предложено е укинување на мерката притвор и определување на гаранција, по однос на што, а постапувајќи по барање на Судот, ние дадовме позитивно мислење во кое појаснивме од кои причини сметаме дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција. Воедно од наша страна предложено е и определување на мерки на претпазливост и тоа– забрана за напуштање на живеалиште или престојувалиште и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа за поминување на државна граница.