Преговарање кон крајот на годината

0
111

Македонија и Грција кон крајот на годината ќе го интензивираат преговарачкиот процес. Во интервју за новинската агенција ИБНА, медијаторот во спорот, Метју Нимиц потврдува дека за тоа постои интерес и кај двете страни, а најави и негови предлози во, како што рече, вистинско време.

„Односите се подобрија во последните месеци и очекувам поголема активност. Двете земји имаат свои позиции, може да ги наречете црвени или сини линии. Има многу важни прашања во двете земји, но мислам можат да се приближат“, вели Нимиц во интервјуто.

Додека Нимиц најавува интензивирање на преговорите и приближување на позициите, грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, пак по средбата со него порачал  дека решението на спорот не се однесеува само на името на државата.

„Името и употреба на името – двете прашања кои се во надлежност на господинот Нимиц да преговара,  како и издадените зборови, јазик, државјанство, за кои од грчка страна во соработка со универзитетски професори се подготвува листа за нивна регистрација, а последно се кратенките“, изјави Никос Коѕиас – министер за надворешни прашања на Грција.

Сепак официјално детали од средбата со медијаторот Нимиц и министерот за надворешни работи на Грција нема.

 

Без коментари