Преговори со СПЦ најрано кон крајот на септември

0
254

Светиот синод на МПЦ-ОА нема посебно расправано околу најавите за конкретни разговори со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј, во интервју за радио Дојче Веле.

– Еден од членовите на синодот и член на комисијата со која треба да разговараме, владиката Захумско – Херцеговски Григориј е во посета на САД и ќе се врати дури на 24 септември. Со тоа нашите очекувања дека ќе се сретнеме барем во првата половина на септември не се реални. Сега ни останува надежта дека средбата ќе биде закажана за крајот на овој или почетокот на следниот месец, октомври, вели Господин Тимотеј и додава дека проблемот веќе не е само црковен, туку сега е исполитизиран и поврзан со решавање на спорот за името на Република Македонија.