Преговори во Пржино без резултат

0
469

Идентичен исход од преговорите на четирите политички партии за постигнување договор околу избирачкиот список и реформите на медиумите како оној од завчера.

СДСМ повторно излезе незадоволна и со став дека се далеку од постигнување договор, додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не само што беа оптимисти туку велат дека работите денеска се придвижиле уште повеќе. Според Рената Дескоска Тренеска нема договор ниту за избирачкииот список ниту пак за реформите во медиумите.
Никола Тодоров вели дека дека тие ги прифаќале предлозите од СДСМ, но обвинија дека опозицијата го кочи решавањето на кризата.
Артан Груби, остана на вчерашниот став дека има напредок и дека со конструктивност, многу бргу може да се организираат фер и демократски избори.
Претставникот на ДПА Имер Алиу не сакаше да даде изјава, а претставниците на политичките партии и денеска заминаа од Пржино без постигнат договор. Во текот на викендов нема да има преговори со што останува четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино в понеделник да ја пречекаат американската помошник државна секретарка Викторија Нуланд, без постигнат договор.