Преговорите на партиите продолжуваат денеска во 12.30 часот во Клубот на пратеници

0
286

Преговорите на работните групи на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино продолжуваат во 12.30 часот во Клубот на пратениците, ни потврдија партиски извори.

Вчерашната рунда преговори заврши без договор, после два часа расправа, но американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека имало конструктивна доскусија, но партиите не успаеале да постигнат договор.

Пред почетокот на преговорите  партиските претставниците бараа конструктивност за прашањата за ингеренциите на министерот за вантрешни работи и за преодната влада. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Тодоров и Радмила Шекеринска ги повторија партиските ставови и меѓусебните обвинувања.

Шекеринска ја обвини владејачката партија дека бега од Договорот од Пржино и од регуларни избори, а Тодоров возврати со обвинување дека СДСМ е партијата е која постојано одбива предлози, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која била конструклтивна и постојано давала нови предлози за да се постигне конечно решение за излез од кризата. Оптимист беше единствено Артан Груби од ДУИ кој изјави дека разликите се минимални и дека наскоро може да се дојде до решение, а единствената можна дата за избори година е 11 декември.