Преговорите продолжуваат, Хајндл и денеска е во Скопје

0
376

Претставниците на четирите партии потписнички на договорот од Пржино денеска  треба да се  сретнат за да ги продолжат преговорите за спроведување на овој договор.

Тие треба да разговараат за реформи во медиумите и за моделот на прочистување на избирачкиот список.

Во земјава уште денеска е и специјалниот германски пратеник, Јоханес Хајндл. Тој вчера имаше средба со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, но не и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој отпатувал на свадба во Италија со семејството. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кажал дека мора да се делува брзо и дека нема време за чекање. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на Хајндл му потенцирал дека се залагаат за брзо решавање на кризата. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вчера изјави дека по средбите на македонските политички лидери со Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе бидат извесни.

На Хајндл ова му е четврта посета во краток временски период со цел решавање на кризата.