Преговорите продолжуваат и денес

0
357

Претставниците на четирите најголеми политички партии продолжуваат да го имплементираат договорот од Пржино и денеска.

На вчерашната нивна средба се дискутирало за застојот на Охридскиот договор, прашање кое го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбата со представниците присуствуваше холандскиот дипломат Питер Фејт кој им ја презентираше анализата која уште не е завршена околу имплементацијата на овој документ, кој требаше комплетно да се спроведе во 2005 година.

Фејт после завршувањето на вчерашната средба не сакаше да ги коментира деталите околу истата, и изјави само дека е задоволен од средбата, најавувајќи повеќе детали за денеска.

Објавување на финализираната анализа е најавено на поширока меѓународна конференција во ноември.