Преговорите за договорот од Пржино продолжуваат денеска

0
168

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА по двонеделна пауза денеска треба да продолжат со работата на спроведувањете на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија.

На дневен ред остануваат прашањата за изборите – прочистувањето на избирачкиот список, предлогот за активната регистрација, гласањето на дијаспората, бројот на изборни единици, надлежностите и составот на Државната изборна комисија… До 15 септември, во согласност со сите учесници на преговрите, треба да биде избран специјален јавен обвинител и да биде дефинирана законската рамка за работата на овој обвинител.

Од 1 септември опозицијата треба да се врати во Собранието.

Денеска би требало да се одржи нова средба на рабоотните групи.

Лидерите на ДПА  и на ДУИ веќе остварија средби со амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав кои ќе присуствуваат на сите наредни средби.