Преговорите заглавени околу датумот за избори

0
474

По шестчаса интензивни преговори на лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино со еврокомесарот Јоханес Хан, нема изгледи за брзо постигнување некаков договор.

Неофицијално, преговорите тешко одат околу поголемиот дел од точките, но заглавиле на датумот за изборите – 24 април.

Според неофицијални информации, наводно Хан бил за тоа изборите да се одржат во договорениот термин, но лидерот на СДСМ Зоран Заев, сметал дека до тогаш нема доволно време да се заврши прочистувањето на Избирачкиот список и да се направи реформа во медиумите.

Во кусата средба со новинарите амбасадорот Аиво Орав само изјави дека нема претстава до кога може да трае состанокот и каков ќе биде резултатот од него.