Прекинат авиосообраќајот на аеродромот во Токио

0
815

Авион на јужнокорејската компанија Korean Air е евакуиран во петок на полетната писта на аеродромот Ханеда во Токио, откако избувнал пожар на еден од моторите, по што сиот авиосообраќај на овој аеродром беше запрен.

Инцидентот се случи малку пред 12:40 часот(05:40 часот по средноевропско време) додека авионот од типот Боинг 777-300 се подготвувал за лет кон Сеул.

Сите 302 патника и 17 членови на екипажот беа евакуирани со помош на тобоган за спасување. Нема информации за повредени.

Причината за пожарот засега е непозната, но стручњаците сметаат дека најверојатно станува збор за технички проблем. /крај/хн/ст