Прекинат протестот во Бутел

0
828

ДУИ го прекинува протестот против изградбата на крст во скопската општина Бутел. Од партијата најавуваат дека се повлекуваат во очи на денешниот христијански празник, со цел да им се овозможи на верниците наутро слободно да се движат кон гробиштата на задушница. Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Чаир, Иџет Меџити вели дека ќе продолжат да се бараат понатамошни решенија преку демократски форми. Тој појаснува дека бил постигнат институционален договор со посредство на меѓународната заедница за почитување на бадентеровиот принцип, но не даде јасен одговор на прашањето дали тоа значи дека ќе се подига крстот или изградбата ќе биде откажана. Претходно вечерва, контра протест се организираше со цел да се одбрани одлуката за изградба на спомен обележјето – епилог се тројца повредени полицајци.