Прекинот на огнот во Алепо продолжен за 48 часа

0
331

Прекинот на огнот во поделениот северен сириски град Алепо е продолжен за уште 48 часа започнувајќи од 01 часот утрото во вторникот по локално време, објави сириската државна агенција SANA, повикувајќи се на соопштение на командата на сириската армија.
„Продолжувањето на прекинот на огнот во Алепо и околината за 48 часа ќе трае од 1 часот утрото во вторникот до 24 часот во средата“, објави SANA.

Алепо, финансиска престолнина и најголем град во Сирија пред војната која започна во март 2011 година, последните седмици е сцена на жестоки судири, кои го прекинаа прекинот на огнот прогласен на национално ниво од 27-ми февруари по инсистирање на Русија и САД, и предизвика прекинување на меѓусириските мировни преговори во Женева.

Во обидите судирите да бидат прекината, на 29-ти април беа прогласени низа локални прекини на огнот, ткн „режими на затишје“, првично во покраината на главниот град Дамаск и северната покраина Латакија, а потоа и во Алепо. Досега, на овој „режим на затишје“ му се приклучиле 95 окрузи

Прекинот на огнот во Алепо стапи на сила кон средината на минатата седмица, но и покрај тоа борбите продолжија. Најтешкото насилство избувна југозападно од Алепо, кога бунтовниците од џихадистичката групација Џабхат ан-Нуса го заземаа местото ам Туман, нанесувајќи еден од ретките порази на сириските владини сили кои имаат помош од локалните милиции и шиитски доброволци од Ирак, Иран и Либан./крај/мф/сн