Преку 3.000 луѓе на полуфиналните борби од државниот шампионат во бокс

0
2219

Денес во спортската сала „Младост“ во Битола се одржаа полуфиналните борби на државното првенство во бокс. 53 боксери од 16 клубови од целата наша земја партиципираа, а преку 3.000 љубители на благородната вештина ги следеа борбите.

По 11 квалификациони борби познати се сите финалисти кои утре од 17.00 часот ќе се борат за националните титули. Радува фактот што дури пет битолски боксери утре ќе се борат за титулите.

Горјан Србиновски забележа победа против Бардул Шеј, а изненадување е поразот на Александар Најдовски од Лулмиз Бајрами.

Шампионатот е во организација на Боксерската организација на Македонија и Општина Битола.