Преку далматинска песна и филм одбележан Денот на државноста на Хрватска во Битола

0
228

Со концертoт на женската клапа „Марјанки“ од Сплит и проекција на документарниот филм „Најстарата сплитска кафеана“ на авторот Горан Борчиќ, во Битола традиционално се одбележа Денот на државноста на Хрватска во организација на Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ а во соработка со општина Битола и битолскиот Завод и музеј.

На отварањето на манифестацијата говорше амбасадорот на Република Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ.

Настанот и оваа година како и изминатите е во соработка со хрватската матица на иселеници и туристичката заедница од Сплит .

hrvati2.jpg

Женската клапа „Марјанки“ ги негува и презентира старите далматински напеви, шансони и други популарни хрватски песни. Постои повеќе од пет децении и некогаш била предводена од познатиот композитор Силвио Бомбардели, а денес од Ирис Симоновиќ.

Преку манифестацијата на битолчани им беше доловена дел од далматинската традиција и култура.

hrvati1.jpg

Воедно освен одбележувањето на Денот на државноста на Хрватска, се одбележа и 21 годишното постоење на МХД.и Хрватски културен центар Марко Марулиќ, 21 година на продлабочување на односите помеќу Македонија и Хрватска,преку многубројни концерти, изложби, промоции, хуманитарни манифестации, гостувања на културно уметнички друштва, гостувања на театри, уметници во и од Хрватска, 21 година одлична соработка со сите институции во Битола особено Центарот за култура,Народниот театар, Заводот и музеј, Народната и универзитетска библиотека Св.Климент Охридски, како и културно уметничките друштва КУД.Илинден, КУД.Стив Наумов,асоцијација за фолклор Плетенка, КУД.Таше Милошевски.

Манифестацијата започна со хрватската и македонската химна а заврши со македонска музика.

 

Неда Маретиќ