Преку Google maps најдете го паркираниот автомобил

0
1347

На напредокот на техонологијата и нема крај. Особено интернетот. Со оглед на тоа што во повеќе случаи ни ги олеснува и некои ситни но сепак битни работи. Освен што преку апликацијата google street преку која можете однапред да го видите местото во кое што ќе претстојувате,одсега апликацијата Google Maps на корисници им нуди нова опција, односно им помага да најдат каде го паркирале автомобилот.
Ви се случило на некој паркинг да го заборавите автомобилот од која страна е паркиран или на бесконечните паркинзи особено во друте земји да не можете да го пронајдите својот автомобил. Новата опција на Google maps го поедностави тоа со помош на апликацијата. Инаку опцијата прво беше дел од бета верзијата на Google Maps од март годинава и тоа само за корисниците на оперативниот систем Android, a сега е на располагање на сите корисници на уреди со Android и iOS.
За да ја активирате опцијата на Android треба да ја допрете сината точка на дисплејот и да изберете “Save your parking”, а потоа ќе се појави ознака на мапата што ја покажува локацијата на паркираниот автомобил.

Може да додадете и потсетник, односно попрецизни инструкции за подоцна, да поставите тајмер со 15-минутно потсетување, да ја пратите локацијата на автомобилот на пријатели, како и да ја зачувате фотографијата на местото каде е паркиран автомобилот.
За корисниците на iPhone, процедурата е речиси иста. Треба да ја кликнете сината точка и да ја одберете опцијата “Set as parking location”. Потоа корисникот ги добива истите опции како кај корисниците на Android.