Преку ГП Меџитлија во Грција само пешки

0
1444

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои планираа викендов да патуваат кон соседна Грција дека од страна на грчките погранични служби се известени дека во периодот од петок до понеделник (20.05-23.05.2016) година царинските служби ќе штрајкуваат.

Односно на ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“) и ГП „Дојрани“ (ГП „Стар Дојран“) сообраќајот ќе биде во прекин на патнички и товарни моторни возила додека преминувањето на границата пешки е дозволена за сите патници, додека пак на ГП „Евзони“ (ГП „Богородица“) сообраќајот при влез и излез од Р.Грција ќе се одвива со прекини.

Односно после секои два часа прекин, ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-тина минути.