Преку културата и до економска соработка

0
622

Во рамките на продлабочувањето на пријателските односи на Израел и Битола и промоцијата на Битола како град со еврејско културно наследство, во градот под Пелистер се одржуваа денови на израелската култура.
ambasador 19tiОдносите меѓу Израел и Битола се исклучително добри. Во Битола пред војната живеаја над 3.000 евреи, кои ги загубија животите за време на холокаустот. Ние, како современици мораме да се навраќаме на минатото, но и да мислиме на иднината. Затоа во иднина планираме да ги збогатиме нашите меѓусебни врски, како на културен, така и на економски план, истакна амбасадорот на Израел во Рпублика Македонија, Дан Оријан, во Битола.

izraelci 4Свеченостите започнаа ,кога на влезот во Детскиот дел на Градскиот парк, од страна на амбасадорот на Израел ,Дан Оријан, и градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески беше откриена спомен плоча на еден до столбовите од некогашната синагога, Кахал Португал, која беше уништана во Втората светска војна засадија и дрво на мирот. Манифестациите на Израел во Битола продолжија со одигрување на преставата „Нашиот клас” во изведба на Националниот театар Хабиба и театарот Камери од Тел Авив, која покрај љубителите на театарската уметноство Битола ќе имаат можност даја видат и љубителите на театаротво Скопје, Тирана, Подгорица и Белград, во рамките на големата Балканска турнеја.

telaski 19tiГрадоначалникот Талески рече дека мора да се свртиме кон минатото кога тука во Битола живееле 3200 евреи кои се избришани од мапата на Битола, сегашноста ќе служи за разни соработки а преку културата рече Талески се отвараат вратите и за економска соработка.

izraelci 19 3Преставата „Нашиот клас“ е работена во рамките на одбележувањето на 70 годишнината од холокаустот на Евреите, во рамките на битолското културно лето „Бит фест 2015“беше отворена и изложба наречена „Израел низ илустрациите во детските книги 1947-2014, во постава на Лиора Гросман, угледен публицист од Израел, а беа промовирани и победниците на литературниот натпревар на млади писатели. „Си било еднаш едно дрво” каде што младите творци пишуваа инспирирани од детскиот расказ „Еврејчето Шами”, дело на познатиот битолски писател Владимир Костов.