Преку Тракторијадата во Могила откријте ја Пелагонија

0
580

Ако вашиот интерес е насочен кон земјоделието, тракторите, приклучната помошна земјоделска механизација, апликацијата за добивање средства од ИПАРД, како и новитети при обработката на земјиштетот тогаш в среда патот под нога што би се рекло и во Могила зошто таму ќе се случува Тракторијада, настан кој општината заедно со ЦРППР го организираат како дел од проектот „Отркиј ја Пелагонија“

Токму оваа Тракторијада, настанот на општина Могила е добар показател дека туризмот може да се развива за домашните туристи и кога месеците не се баш со фокус на самиот туризам, вели Рубин Николовски од ЦРППР.

Градоначалникот на Могила вели дека ткму нивната општина е точното место за ваков настан бидејќи од околу 7000 жители во Могила бројката на трактори се движи околу 3-4 000. Додаде дека в среда ќе има претставници на сите продавачи на трактори и земјоделска механизација.

Ќе има вкупно седум како и банкари бидејќи од апликациите за ИПАРД најмногу се од Могила, вели Стево Пивковски градоначалник на Могила.

Пивковски додаде дека Тракторијата како настан ќе се случи и до година кога би добила и натпреварувачки карактер со цел преку оваа дејност победниците да може да ја афирмираат Македонија и надвор од границите.