Прекугранична соработка за искористување на отпадната биомаса

0
730

Општина Битола во рамките на третиот повик за прекугранична соработка од ИПА програмата помеѓу Република Грција и Република Македонија во соработка со Општинската компанија за топлифицирање ДЕТЕПА од Аминтео и Технолошко образовниот институт од Кожани Република Грција аплицираше и го доби проектот „Биофос“. Како дел од промотивните активности за проектот денес се одржа првата конференцијата со тема Реален пристап кон искористување на биомасата за централно греење”. Двете општини веќе имаат работено заедно на проектот Телетерм, а позитивното искуство велат дека ќе им помогне и во овој проект. На конференцијата се разгледаа техничките и научните аспекти на проектот.konferencija

-Резултатите од оваа конференција се надеваме дека ќе бидат позитивни, а резултатите за искористување на биомасата ќе бидат во наша корист, изјави градоначалникот на Општина Аминтео, Теодоридис Константинос.gradonacalnik aminteo

Целта на проектот е да се подобри квалитетот на животната средина во Општина Битола преку искористување на биомасата.

-Денес започнување со проектот „Биофос“ и искуствата што ги има Аминтео ќе ги примениме кај нас. 135.000 евра Општина Битола има предвидено за загревање на спортската сала, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.taleski aminteo

Со овој проект намерата е да се зголеми свеста кај луѓето за можностите за искористување на отпадната биомаса за производство на енергија, подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти, отворање мини пелет фабрики и друго.