Премиер лига злато за мак-каратистите во Истанбул

0
617

На Светската Карате Премиер лига за сениори која се одржа во Истанбул 4-6 Септември на која настапија најдобрите каратисти во сениорска категорија од 48 земји меѓу кои Турција, Египет, Иран, Хонг Конг, Италија, Еквадор, Бразил, НовЗеланд, Шпанија, Русија, Франција, Перу, Пакистан, Либија во ката македонските репрезентативци постигнаа историски успех. Прв пат од македонски репрезентативци е освоен златен медал во сениорска категорија во ката на Премиер Карате лига, која претставува најпрестижно карате првенство за сениори по Светско и Европско првенство. Победник во категоријата ката тим сениорки е македонскиот репрезентативен млад ката тим во состав близначките Мишела и Маријана Димоски(17) и Пуликсенија Јованоска(22) кои во финале го совладаа домаќинот Турција, кој е актуелен европски сениорски шампионки за 2015.

Без коментари

LEAVE A REPLY