Премиера на Битолски театар со „ Тајното оружје“

0
745

По текст на Братислав Димитров а во режија на Ненад Витанов Битолскиот театар со претставата „Тајното оружје“ ја започнува оваа сезона. Премиерата е во петок.

– Станува збор за праизведба на македонскиот текст „Тајното оружје“ од драматургот Братислав Димитров кој вторпат со свој текст ќе учествува на сцената на театарот во овој град, додека пак режисерот Ненад Витанов од Велес третпат режира во НУ Народен театар-Битола, изјави Валентин Светозарев Народен театар-Битола
– Во претставата говориме за хаосот што во моментов се случува во светот, за хаос гледан низ очите на обични луѓе кои живеат во нашето маало и како тие би го решиле проблемот кога тоа би требало да го направат. Таа ситуација на глобално завршува сурово и крваво, додека тука кај нас завршува со поентата дека тајното оружје е во секој од нас и дека тоа што можеме да го направиме е секогаш во тоа што ќе го замислиме. Оваа претстава е со многу енергија и со порака дека во овој глобален свет можеме да се спротивставуваме само со добра мисла и идеја, а се останато е теорија на заговор, изјави Ненад Витанов, режисер

Во претставата играат Филип Мирчевски, Борис Чоревски, Никола Пројчевски ,Сандра Грибовска и Илина Чоревска

– Играм 25 годишен лик , и во текот на работата се враќам наназад, изјави Борис Чоревски, актер

– Стереотипите и глупоста е она што ме водеа во градењето на ликот, изјави Илина Чоревска, актер

– За мене е ова позитивно искуство, и како млада 23 годишна актерка треба да доловам лик кој е во средни години, изјави Сандра Грибовска, актерска

– „Тајното оружје“, е супер кога ќе се употреби правилно, изјави Никола Пројчевски, актерска

Во претсатавата гостува и актерот од Охрид Никола Тодоровски. Музиката за „Тајното оружје“ е на битолчанецот Димитар Андонов

-Интересното во оваа претстава е во тоа што настанува еден судир на влијанието на медиумот со она што ни се случува во реалноста, изјави Никола Тодоровски, актерска

– Чувствувам голема одговорност за она што го правам во претставата и ми е чест што сум дел од неа, изјави Димитар Андоновски, автор на музика

На денешната прес конференција беа најавени и идните активности на Битолскиот Театар
– Театарот од Битола учествувбаше на Фестивалот „Ристо Шишков“ со претставата „Хепи Енд“. Кон крајот на месецот ќе учествуваме на фестивал во Израел, изјави Благој Мицевски, Народен театар-Битола