Премиера на Грилпарцер во секс шоп

0
1103

Премиерата на претставата во режија на Јован Ристовски, Грилпарцер во секси шоп е на 15 ти март. Се работи за светска праизведба на текстот од австрискиот драматург Питер Турини.

Во претставата играат Елена Моше и Александар Копања, чија идеја за обработка на овој текст беше токму негова, пред 5 години.

Претставата изобилува со хумор, а во исто време се работи за комплексен текст кој отвара многу теми. Се поставуваат прашањата за нашето постоење, за нашата мисија како луѓе-истакнува режисерот Ристовски.

Грилпарцер во секс шоп-Романтичари во светот на пластиката е основната идеја во претставата. Кај луѓето зад сета „убава“ слика, се кријат различни неочекувани и шокантни вистини кои ја испревртуваат сликата за општото добро и убаво. Сепак сите сме луѓе и секој од нас, во себе носи свои тајни.Прашање е само кога тие ќе бидат отриени. Оваа интроспекција и истаржување патувајќи низ светот, како човек и театарски режисер, го носат режисерот до главното прашање за претставата-Што се случува со животот на луѓето.

Камерната претстава на сцената на Битолскиот театар ќе има и две предпремиери, а е за публика над 18 години.